Закон за рамноправна застапеност: Мерит системот клучен за вработување во институциите, ДУИ најавува блокада
Професионалност како приоритет наместо етничка припаднсот – ова е клучната поента на законот за рамноправна застапеност до кој дојде ТВ 24. Во однос на враборувањето по етничка основа, во ќе биде запазена позитивната селекција, односно доколу повеќе кандидати ги исполнувата професионалните услови, предност ќе има оној од етничката заедница којашто е потребна во таа институција.
Во законот стои формулација диференцијален
- Диференцијалниот третман се применува меѓу кандидати со еднакви квалификации, искуство и професионални способности со цел да се обезбеди ефективната еднаквост, без да се наруши принципот на компетентност.
Во законот се наведува дека се препораките на Венецијанската комисија се целонос имплемемнтирани
- Се предвидува дека квалификациите, стручноста и професионалните способности претставуваат примарен критериум, додека припадноста кон одредена заедница може да се земе предвид само како секундарен фактор, и тоа исклучиво во случаи кога кандидатите имаат еднакви квалификации. Со ова се обезбедува усогласеност со современите европски стандарди и препораките на Венецијанската комисија“
Сепак дали законот против кого застана цела опозција од албанскиот блок , ќе го види светлото на денот ќе зависи од умешноста на валста да обезбеди Бадинтер, кој што вмро-ДПМНЕ и Вреди го немаат. Уште кога помина законот од ДУИ жестоко го критикуваат, а потпретседателот на ДУИ за 24 анализа најави дека ќе го блокираат со сите средства.
Аријанит Хоџа – потпретседател на ДУИ
За Вреди пак конечно се исправува неправдата која ДУИ им ја направила на Алабанците и тие се конечно во закон
Вреди
- Овој закон е за секој Албанец, кој со години чекал да биде третиран правилно. Да го добие својот дел. Ја заменивме алатката со закон затоа што Албанците не се алатка. Албанците се закон
Инаку според законот Граѓаните при вработување во администрацијата доброволно се изјаснуваат за етничката припадност, но може и да не се изјаснат на која заедница ѝ припаѓаат. Ќе се формира координативното тело кое ќе биде надлежно за спроведување на правичната застапеност. Ќе го определува Владата и со него раководи вицепремиер.

