Закон за амнестија: Поделби во власта, блокади од опозцијата
Ковачевски да не се однесува како турист на владините седници кога носат законски решенија како она за Законот за амнестија за потоа уште не стигнати до собрание да најавува нови амандмани на закон кој ја поминал процедурата на Илинденска и ресорното министерство .
Ова е пораката која денеска му ја испрати на премиерот, првиот опозиционер Христијан Мицкоски.
Ковачевски вчера на седницата за пратенички прашања веќе најави дека пратеничката група на СДСМ ќе ги разгледа можностите за да поднесе амандман во собрание за предлог законот за амнестија за да не може да се амнестираат осудените за помагање во „Монструм“, бидејќи според вака изготвеното решение, а како што веќе објави ТВ 24 Хаки и Фејзи Азири двајцата осудени за убиството на петмината кај Смилковско езеро може да бидат амнестирани а тоа го очекува и нивниот адвокатски тим. Од овие причини Ковачевски вчера најави и амандман од пратениците на СДСМ.
И адвокатската и правна фела поделени откако вчера во гостување на ТВ 24 изнесоа различни гледишта. Дел од нив во ова гледаат законско решение кое оди во погрешен правец и е чисто пазарење, додека пак адвокатот Алиспахиќ кој воедно ги застапуваше и обвинетите за помагање во „Монструм“ смета дека ова законско решение треба да се однесува и да опфати поширок спектар на осуденици.
Вчера во речиси дво часовен брифинг со медиумите и министерот за правда Лога го бранеше ова законско решение најмногу повикувајќи се на условите во затворите но го бранеше и со заканата за оставка на владина седница но дали ќе се сопне во собраниска процедура останува да се види, бидејќи блокади веќе најавија и опозициските партии а свои забелешки имаат и дел од пратениците од парламентарното мнозинство.