Закажана, па откажана средбата на Груби со секретарите на партиите на албанците во врска со пописот
Државниот завод за статистика најостро ги демантира информациите што се појавија во јавноста дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство.
„Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на МВР. По вкрстување на базите, оние лица коишто ги нема ќе бидат отстранети, иако се обиделе да се попишат со пасивизиран матичен број. ДЗС дејствува по сериозна методологија и се води по најстрогите и најсовремени стандарди на проверки при попишувањето и секој обид за дезинформирање и манипулирање со населението ќе биде веднаш демантиран и разобличен.“ - велат од Државен завод за статистика.
Претходно во гостување на албанската телевизија Клан, вицепремиерот Артан Груби рече дека и граѓаните кои се откажале од македонското државјантво може да се попишат со извод или со било каков документ кој што го поседуваат и така ќе придонесат за унапредување на правата на Албанците.
Инаку во членот 6 од законот за попис пишува дека со пописот во странство ќе бидат опфатени само државјани на Северна Македонија.За поренешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, изјавата на Груби е незаконска.
Денеска инаку пропадна обидот за средба меѓу генералните секретари на албанските партии во земјава иницирана од Артан Груби, а според изјави од албанската опозиција тие не сакале да учествуваат во обид за пропагирање на одложување на пописот.

