Закани за претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска
На приватниот паркинг, каде што претседателката на Уставен суд си го паркира возилото било пронајдено, како што велат од МВР, импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.
- На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло.“- велат од МВР.
Од Уставен суд го потврдуваат случајот и дека претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска веќе го пријавила случајот во МВР.
„Точно е дека во текот на вчерашниот ден претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во полициска станица евентуално загрозување на сигурноста откако на нејзиното приватно паркинг место, во близина на нејзиното живеалиште, во непосредна близина на нејзиното возило и на околу 20 сантиметри од нејзиното возило е пронајдено нож и некои други предмети и тоа е она што можам да ви го потврдам во овој момент. Во однос на наводите, дали се работи з анекакви закани, дали станува збор за некаква случајност, коинциденција оставаме надлежните да ги утврдат тие наводи.“ - вели Христина Беловска, портпаролка на Уставен суд.
За случајот известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.