Закани и навреди за родителите на починатите во пожарот во Кочани – МВР го бара сторителот
Додека чекаат правда родителите чии деца загинаа во катастрофалниот пожар во Кочани, на социјалните мрежи добиваат навредливи и заканувачки пораки.
Содржините со заканувачки тонови јавно ја објавите на нивните профили.
- Ќе се случи уште нешто, со многу повеќе жртви. Среќен сум јас што се случи ова. Јави се слободно никој ништо не ми може.
Од Министерството за внатрешни работи за ТВ 24, велат дека по допрен глас веќе се запознаени со заканувачките пораки, а одделот за компјутерски криминал постапува.
„Секторот за компјутерски криминал нема добиено пријава од родителите на загинатите деца во дискотеката Пулс во Кочани по однос на добиени заканувачки пораки на социјални мрежи. По допрен глас од добиени информации од јавноста, а поврзани со горенаведеното Секторот за компјутерски криминал врз основа на своите законски надлежности, интензивно презема дејствија за испитување на наводите и веќе постапува по однос на откривање на идентитет на лицето кое испраќа вакви пораки и утврдување на веродостојноста на информациите во врска со истото“, велат од МВР
Од полицијата апелираат сите родители што добиле пораки со заканувачки содржини да поднесат официјална пријава до МВР за поефикасна истрага.
Обвинителството минатата недела поднесе обвинение за пожарот во Кочани.
Меѓу обвинетите се сопствениците и управителите на клубот, градежни инспектори, поранешни и актуелни градоначалници на Кочани, директори и службеници на државни институции, припадници на обезбедувањето, како и архитекти кои незаконски изготвувале документи.
Ванчо Шехтански кој како адвокат застапува шестмина обвинети за катастрофалниот пожар, вели дека не верува во истрагата. Гонењето на одредени осомничени меќу кои и инспектори од пред 13 години - го нарече лов на вештерки.
Обвинетелниот акт опфаќа 34 физички и 3 правни лица. Процесот се запира за единаесет лица поради немање докази. Меќу нив се и поранешните министри за економија Дритон Кучи и Беким Незири
За Владимир Блажев Панчо од ДНП поради лекување како и за управителот на дискотеката кој почина во болници постапката се прекинува.