Закани и говор на омраза

Полицијата започна постапка по пријавите за закани и говор на омраза насочени кон родителите и семејствата - кои ги изгубија своите деца во дискотеката Пулс во Кочани. Лицето кое предизвика лавина реакција на социјалните мрежи по заканите навредите и клеветите е од кочанско и се наоѓа во странство.

„Заканите и навредите насочени кон семејствата кои изгубиле најблиски се сериозен напад врз достоинството и психичката стабилност на жртвите.“, велат од СВР Штип.

Семејствата на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани вчера на само неколку дена пред започнувањето на судскиот процес порачаа дека нема да се откажат од барањето за правда и непристасно судење. Се надеваат на фер, правична, вистинска како и целосна и навремена постапка.

Дел од адвокатите со кои разговараше ТВ 24, велат дека судскиот процес ќе го следи обемен доказен материјал многу обивнети и свфедови, но истиот нема да е ништо поразличен од останатите. Постои закон кој мора да се почитува, а предвидува воведни говори, доказна постапка и на крај завршни зборови.

Адвокатото Звонко Давидовиќ - очекува правично судење, но сепак како што вели не се соласува со правната квалификација на делото.

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред точно 8 месеци во која животот го загубија 63 лица, ќе започне на 19 ноември во судницата на КПУ Идризово. Обивнети за 24 физички и три правни лица. Се товарат за кривично дело тешки дела против јавната безбедност. Ќе има две рочишта неделно, а првичните термини се закажани за 19, 25 и 26 ноември.