Зајкова за ТВ 24: Студентите не смеат да се користат како алатка за политички цели
Моника Зајкова од ЛДП во емисијата 24 анализа рече дека студентите не смее да се користат како алатка за остварување на одредени политички сцени.
- Критериумите кои беа вметнати во првичниот закон, точно е дека беа направени во консултација на МОН. Сакам да дадеме реално системско решение кое ќе биде трајно и одржливо и сите сакаме да се зголемува цената на таа субвенција и беше договорено дека во изнаоѓањето на таквото решение до 15 март треба да има покажување на субвенцијата. - рече Зајкова.