Загрижувачки извештај на УНИЦЕФ за Македонија
11.727 деца во Македонија жртви на сексуална експлоатација и злоупотреба преку интернет во рок од само една година..Најновиот извештај на УНИЦЕФ, открива загрижувачки податоци.. 9,4% од децата на возраст од 12 до 17 години доживеале барем една форма на технолошки олесната сексуална експлоатација ...Земјава има највисока застапеност меѓу деветте држави вклучени во вториот круг од истражувањето кај деца кои добивале закани или уцени да се вклучат во сексуални активности - 4,4%, во споредба со просекот од 3%, ..Двојно поголем процент има и кај децата кои добивале закани од ширење сексуални слики или видеа од нив (4,2%, во споредба со просекот од 2%)...
Македонија бележи и најголем процент на полнолетни сторители меѓу деветте земји опфатени во вториот круг од студијата. Речиси шест од десет инциденти или 59% вклучувале возрасен сторител, во споредба со просекот од 34%.
УНИЦЕФ: „Осум од десет (80%) инциденти вклучувале некого што детето веќе го познавало, т.е. пријатели, членови на семејството, романтични партнери или познајници, во споредба со просекот од 57% во земјите-учеснички. Ова е највисокиот процент пријавен меѓу земјите вклучени во студијата. Над половина од сторителите (52,8%) првпат биле запознати на јавно место, во споредба со просекот од 23% во деветте земји опфатени во анализата. Училиштето и домот, исто така, биле важни места каде што децата првпат ги сретнале сторителите: 18,3% првпат ги сретнале на училиште, а 18,5% дома, во споредба со просекот од 26% и 14%, соодветно. “
Како што велат од УНИЦЕФ, охрабрува фактот дека Македонија има највисока стапка на обелоденување на ваквите случаи меѓу земјите-учеснички... девет од десет деца или 87,6% кои доживеале злоупотреба раскажале некому за тоа што се случило, во споредба со просекот од 59%...Сепак, како и во другите држави, помалку од 1% од случаите биле пријавени во полиција, социјалните работници или телефонските линии за помош...

