Загрижувачки четврти ковид бран во земјава и регионот

Регионот сериозно исправени пред четвртиот ковид бран . Од земјите во соседството особено алармантно станува во Србија каде веќе се користат Ковид пропусници а хоспитализирани се околу 7000 пациенти.

Во разговор за ТВ 24 новинарката Ана Стаменковиќ вели дека медицинскиот штаб размислува дури и за потполно затворање од десет до  21 ден. Во србија околу 55 проценти од полнолетното население е вакцинирано но тоа е се уште далеку од колективен имунитет. 

- Она за кое подолго време разговара медицинскиот штаб и го бара е 24 часовно воведување на ковид пропусници. Она што за сега е познато е дека од понеделник од 22 часот почнува казнување па ќе видиме. Не е добра ситуацијата во Србија. Иако во последните неколку дена се бележи нешто помала бројка на заразени сепак бројките и натаму се големи и така е вече два месеци. - вели Ана Стаменковиќ.

И во соседна Бугарија пред околу десетина дена воведени построги рестриктивни мерки вели новинарот Анѓел Петров. За да се посети ресторант мол или било каква институција мора да се има сертификат за вакцинација или прележана Ковид инфекција. 

- Кон властите овдека има многу критики дека овие мерки се донесени многу доцна. Тоа се однесува и на сегашното раководство, но и на претходното на Бојко Борисов. Има критики дека не успеале да спроведат јасна вакцинациона кампања па се доведува во прашање колку здравото вакцинирано население може да ја поднесе големата бројка на новозаразени и инфицирани. Далеку сме од колективен имунитет, бидејќи само околу една четвртина од населението е вакцинирано. Бугарија покажува можеби и најниски бројки на вакцинирано население во регионот, но во последните две недели почна да расте бројката на лица кои сакаат да се вакцинираат. - вели Анѓел Петров.

И во Грција 

- Ситуацијата во Грција со Ковид 19 е многу, многу лоша. Секој ден имаме околу три илјади и петстотини нови случаи на заразени и околу 40 тина кои дневно умираат. Поради новонастанатата ситуација се препорачува поголема претпазливост и  не многу движење , а од еден по полноќ до 6 наутро е забрането било какво движење надвор. Ситуацијата е позагрижувачка за рзлика од претходната година бидејќи дневно статистиките и на заразени и на починати се поголеми споредбено со овој период лани.

Покрај соседните земји не е поразлична ситуацијата и малку подалеку. Словенија дневно бележи од 3 до 4 илјади дневно заразени а ова сценарио  словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар неодамна го дефинираше како блиску до Италијанското. Поради ова од понеделник во Словенија стапуваат на сила строги рестриктивни мерки.

Од понеделник сите ученици и студенти кои се „самотестираат“ за да можат да посетуваат настава, тоа во иднина наместо еднаш ќе треба да го прават два пати неделно. А како последна мерка не се исклучува ниту можноста да се овозможи работа и слободно движење само за оние кои се вакцинирани против ковид-19 или кои оздравеле и имаат имунитет. Згилемен пораст од дневно новозаразени и над 4000 бележи и Хрватска. Здравствените власти информираат дека во последните 24 часа секој трети кој е тестиран е позитивен на вирусот.