Заглавените македонски граѓани од Италија и Германија на пат за дома
Foto

Заглавените македонски граѓани од Италија и Германија на пат за дома

42 македонски граѓани ќе бидат вратени во својата земја со 16 автомобили од Словенија. 

Организиран е и автобуски превоз за 27 од Истанбул  како и за 63-ца од Црна Гора и Косово информираа од Министерството за надворешни работи.

Сите граѓани кои што се враќаат ќе бидат ставени во карантин. Од МНР во дописот до јавноста информираат.

Сите граѓани ќе бидат сместени во задолжителен карантин согласно мерките за заштита од пандемја . Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон словенечките, хрватските, српските, турските и бугарските власти за непречениот транзит и солидарноста.

Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја. Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста.

Нашите граѓаните кои поради корона вирусот беа затекнати и заглавени во Словенија, утрово го продолжија патот за Македонија. Во решавањето на целата ситуација директно беше вклучена и Амбасадата на Македонија во Словенија.

0 Коментари

Остави коментари