Загина 16 годишно момче во Охрид
Малолетник од Охрид го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава на регионалниот пат Охрид - Свети Наум, во близина на населбата Рача.
Несреќата се случила околу 1:40 часот по полноќ, кога мопед управуван од 16-годишно момче од Охрид излетал од коловозот и удрил во метален столб. Возачот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде подоцна им подлегнал на повредите.Со тешки повреди се здобил и неговиот сопатник, исто така 16-годишник кој е хоспитализиран во Специјалната болница „Св. Еразмо“.
Од полицијата апелираат до возачите на исклучителна совесност при управувањето на возилата,особено низ туристичките места ладе фреквенцијата на возила периодов е значително зголемена.
Ова е уште една во низата трагедии во сообраќајот во Охрид. Пред неполн месец на тротоар беше прегазена 40 годишна охриѓанка од 20 годишник кој поради неприлагодена брзина изгубил контрола врз возилото. Секојдневно полициските билтени ги полнат и информации за прегазени пешаци,велосипедисти и повредени лица на тротинети.

