Загина 15 годишно девојче во сообраќајка кај Струмица
Foto

Загина 15 годишно девојче во сообраќајка кај Струмица

Петнаесет годишно девојче од населеното место Радово го загуби животото откако утрово со патничко моторно возило излетале од патот Струмица Дабиле. Другите четири лица во возилото се здобиле со повреди кои веднаш биле префрлени во струмичката болница каде им е укажана потербната помош.. Полицијата изврши увид но немаше официјална потврда како настанала сообраќајката пред населеното место Дабиле.

„Во 00.40 часот на магистралниот пат Струмица-Дабиле се случи сообраќајна несреќа, во која патничко моторно возило излета со струмички регистарски таблички, управувано од Ф. С. од село Радово и во возилото имало 4 сопатници од кои една од сопатничките  починала на лице место, а другите четворица се пренесени во болница. Сопатниците се здобиле со телесни повреди.“ - изјави Марјан Димчев – зам. командир во СВР Струмица. 

Делницата Струмица - Дабиле е една од критичните точки во сообраќајот во овој регион. Се претпоставува дека брзината и појавата на голомразица биле причините за утринското излетување на возилото кое се завршило покрај реката Струмешница а било кобно за 15 годишното девојче.

0 Коментари

Остави коментари