Зафиров во 24 анализа: Вакви трагедии ни ја умираат државата, дното одамна го поминавме и сега сме во слободен пад
Адвокатот Валентин Зафиров во 24 анализа рече дека трагедијата што се случи во Кочани ја донесе државата во слободен пад.
Според него, со вакви постапки умира државата.
„Со вакви постапки ни умира државата. Ова вака функционира 30 години и тоа само се надоградува. Дното е пробушено, сега сме веќе во слободен пад. Трагедиите кај нас се се поголеми. Треба да сфатиме дека сме сите граѓани на оваа држава и за доброто на оваа држава треба да се сплотиме против системот на не против одредени политички партии. Мито имаме на секој ќош, затоа луѓето одат по партии. Секаде каде има лиценци има и мито. Ако не се случеше оваа трагедија немаше да има контроли. 30 години ништо не се контролира. Кога доаѓа нова власт очекуваме промени но кај нас кога ќе дојде нова власт прво го наседнуваат судтсвото за да го контролираат“, рече Зафиров.
Тој објасни и дека со цел да се прави дефокус партиите разгоруваат етнички тензии.
„Ако не се натерани од народот да седант да работат, политичарите кога ќе се во кал ни прават етнички проблеми и прават дефокус.Човек што може да контролира пари може да живее и со и без пари. Кај нас партиите се борат да дојдат на власт за да ја земат моќта. Сакаат да го земат колачот и да го делат меѓу себе. Како во Влада кога го делат колачот им оди, нас ќе не натераат да се мразиме а тие си делат се. Во Владата се им оди како подмачкано. 4 години немаа проблем дали некој е Турчин Албанец или Македонец, а нас не трујат“, додаде Зафиров.