Заев: Законот за јазици ќе се ревидира согласно мислењето на Венецијанската комисија
Foto

Заев: Законот за јазици ќе се ревидира согласно мислењето на Венецијанската комисија

Владата ќе ја почитува препораката од Венецијанската комисија. Законот за употреба на јазиците по трет пат се враќање пред пратениците.

Откако Комисијата синоќа побара негово преиспитување премиерот Зоран Заев најавува ревидирање на Законот – и  враќање во Законодавниот дом откако министерството за правда ќе ги подготви измените, кој според него ќе бидат  во согласност со забелешките на венецијанската комисија.

Првиот човек на Владата измани најави во делот кој се однесува на употребата на албанскиот јазик во судството. Премиерот уверува дека ставот е усогласен и со владиниот партнер ДУИ – вицепремеирот за европски прашања, пак Бујар Османи повеќе детали околу мислењето на комисијата најави за утре.

Опозиционите партии и од албанскиот и од македонскиот блок – побараа почитување на даденото мислење.  Од најголемата опозициска партија сметаат дека извештајот на Комисијата ги потврдува досегашните забелшки на ВМРО-ДПМНЕ.

Од БЕСА во дел согласни со комисијата, во дел не. Побараа албанските партии да седнат на иста маса и проблемот со албанскиот јазик да го решат, како што велат еднаш за секогаш. Посочуваат албанците не се малцинство во земајва и албанскиот јазик со Устав треба да биде службен јазик.

„Има две работи, една со која се согласуваме со Венецијанската комисија и една со која не се согласуваме. Се согласуваме во делот дека треба да се разгледа Законот и ние како движење БЕСА сметаме дека е  крајно време албанските партии да седнат и во рамки на платформата на парламентарните албански партии да го решат еднаш засекогаш проблемот со албанскиот јазик и тој со Устав да биде службен јазик, а не со вакви парцијални решенија кои после штетат повеќе. Тоа со кое не се согласуваме, пак е следново – дека Албанците во Македонија не се малцинство, албанците во Македонија се втората мнозинска заедница во земјава.“ - изјави Билал Касами од БЕСА.

Венецијанска комисија препорача да се преиспита законот за јазиците и напуштање на одредбите за двојазичност во судските постапки. Законот за јазици во јануари оваа година во Собранието беше изгласан по втор пат - откако по првичното усвојување не го доби потписот на екс претседателот Иванов.

0 Коментари

Остави коментари