Заев за тв 24: Со Бугарија го решивме спорот за цар Самоил, ќе најдеме и решение за Гоце Делчев
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа, во врска со неодамнешната ситуација со Бугарија и спорот за идентиетот на Гоце Делчев рече дека
„Денес имаме изјава на Борисов дека го признава јазикот и тој е дел од договорот, со текст во Договорот потпишан од мене и премиерот. Бугарија сака да продолжи со решавањето на историската позиција. Го решивме спорот за цар Самоул, ќе најдеме и решение за Гоце Делчев.“ - рече Заев.
Тој е убеден дека низ дијалог ќе се решат сите проблеми и дека во секој договор сите се победници и дека според договорот мора да има решение со кое и двете нации ќе бидат задоволни и горди.
Во врска со полицискиот упад при хуманитарната акција, Заев потенцираше дека семејствто Заеви отсекогаш биле хумани и целта била да се помага. Упадот го оценува како потсетување на она што значело режим.
„Срамно е децата да се тресат и да плачат во станица? Судот дава налог да се влезе во приватни простории и што е пораката за младите, да не бидат хумани? Чулев и ВМРО-ДПМНЕ го бранат целиот чин. Сите ги повикуваме да бидат хумани.“ - рече Заев.