Заев за ТВ 24: Николов не сум го видел откако заврши мојот градоначалнички мандат во Струмица, никогаш не бил мој шофер

Александар Николов бееш вработен во општина  Струмица и никогаш мој шофер . Николов  го немам видено откако заврши мојот градоначалнички мандат – вели за ТВ  екс премиерот Зоран Заев откако ВМРО ДПМНЕ објави дека бил уапсен неговиот поранешен шофер како подметнува пожари. 

„Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, шофер на градоначалникот , т.е. мој шофер беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање а после тоа беше Кире Ангелов. Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено Александар Николов, “ – вели во писмен став за Тв 24 Заев