Заев за изјавата на Радев: Недозволиво е мешање на една туѓа земја во друга
Foto

Заев за изјавата на Радев: Недозволиво е мешање на една туѓа земја во друга

Реакцијата на бугарскиот претседател е спротивна на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава, велат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски после изјавата на Радев. 

Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешите процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓаните во друга-земја членка на НАТО. 

И за премиерот Заев, изјавата на Радев значи мешање во внатрешните работи на земјава. 

Но од Софија доаѓаат истите пораки, после Радев денеска и министерката за надворешни Захариева вели дека реагирале поради нарушување на правата на бугарите во земјава.

Изјава Екатерина Захариева, Министерка за надворешни работи на Бугарија -  Ние реагираме за секој случај и се радуваме на тоа што и колегите од Северна Македонија започнаа да реагираат затоа што на крај тоа се и нивни државјани, тие живеат таму. Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани. Недозволиво е во 21 век да не се признаваат права на самоопределување.

Бугарската државна машинерија овој пат се уклучи после писмо на здружението „Иван Михајлов“ од Битола кое се жали на дискриминација на бугарите во земјава. Бугарскиот претседател Радев вчера ги свика и разузнавачките служби на состанок и им даде инструкции да го заштитат бугарското малцинство во Македонија.

0 Коментари

Остави коментари