Заев во Париз на средба со францускиот претседател Макрон
Foto

Заев во Париз на средба со францускиот претседател Макрон

Премиерот Зоран Заев денеска во Париз ќе оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

Од владината прес-служба попладнево информираа дека во состав на владината делегација се и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

- Во рамки на посетата, со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, ќе се оствари и работна вечера со претседателот на Франција, Макрон, велат од Владата.

0 Коментари

Остави коментари