Заев вети ослободување од даноци на компании основани од млади луѓе
Foto

Заев вети ослободување од даноци на компании основани од млади луѓе

Овие избори или ќе не вратат назад, или ќе не поддржат во исправниот пат, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва од трибината ов Велес, на која беше претставена програмата и носителите на листата во третата изборна единица Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска.

За Николовски, Македонија денеска е исправена земја, бидејќи времето на свиткани `рбети одамна е завршено. Тој потсети на проектите реализирани во истокот и најави нови 24 милиони евра, за хидросистемот Лисиче со кои ќе се заокрижи целиот капитален проект.

Николовски рече дека сега источниот дел на Македонија е регион со најмногу вложувања.

Потсетувајќи дека денеска Македонија, нејзиниот народ и јазик се признати од целиот свет, лидерот Заев вети дека во следниот мандат ќе продолжи враќањето на парите кај граѓаните.

Ако за само две и пол години минималната плата ја зголемивме за 60 проценти, во следните четири ќе ја зголемиме за уште толку, со што таа ќе изнесува 20 илјади, а просечната плата 34 илјади денари, рече Заев. Најавувајќи нови инвестиции кон граѓаните, Заев рече дека помош ќе имаат и стартап компаниите водени од млади луѓе.

На трибината во Велес беа претставени и кандидатите за пратеници од Велес Ненад Коциќ и Даниела Стојановска Пановска.

0 Коментари

Остави коментари