Заев: Уставните измени денеска во Службен весник, следи известување до грчкото МНР
Foto

Заев: Уставните измени денеска во Службен весник, следи известување до грчкото МНР

Уставните измени за Договорот од Преспа што беа изгласани вчера во Собранието  денеска треба да бидат објавени во Службен весник на РМ по што, според премиерот Зоран Заев, на почетокот на следната недела македонското Министерство за надворешни работи  ќе испрати нота до грчкото МНР за да ги известат дека е завршен процесот. Според него, за стапување во сила на уставните измени не е потребен потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов. Тој во неколку наврати го користеше името Република Северна Македонија иако уште не е стапен во сила Договорот, а причина за тоа, како што рече, е да укаже на сериозноста на одлуката што е донесена во македонскиот Парламент.

0 Коментари

Остави коментари