Заев: Стремиме кон одржлива финансиска поддршка на граѓанските организации
Foto

Заев: Стремиме кон одржлива финансиска поддршка на граѓанските организации

Премиерот Зоран Заев, на покана на организаторот Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), денеска се обрати на конференцијата „Реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации“.

„Една од примарните обврски на општество што негува високи демократски вредности и грижа за сите засегнати страни и учесници во градењето на модерни заедници, е грижата за развојот на граѓанското општество и поттикнувањето на граѓанската свест. Поминаа само неколку дена од 17 мај, кога се сетивме на настанот од 2015 година, кога над 70 граѓански организации и илјадници граѓани се обединија за да им го вратиме општеството на оние на кои им припаѓа - на граѓаните. Владата на Република Северна Македонија со право вели дека застана зад принципот на еднакви можности за секоја индивидуа во нашето општество. Застана зад принципите на социјална правда и активна заштита и грижа за човековите права на сите индивидуи, а особено на оние кои им припаѓаат на малцинските и маргинализираните групи“ - рече меѓудругото Заев.

Тој напомена дека „Создадовме амбиент за слобода на изразување како темелници за новата демократска реалност и за просперитет на нашата земја. Граѓанските организации активно учествуваа во реформските промени со коишто ја поставивме и ја придвиживме земјата стабилно на патот на Европската унија и на НАТО“.

 

0 Коментари

Остави коментари