Заев: Силно верувам дека и Грција ќе го ратификува договорот од Преспа
Foto

Заев: Силно верувам дека и Грција ќе го ратификува договорот од Преспа

По големата одлука во нашиот Парламент ги разбивме сите дилеми и си потврдивме дека заедно ја движиме нашата земја во иднината што ја посакуваме, македонска држава,  како држава на европското семејство и членка на НАТО, кои не прифатија како Македонци со свој идентитет и со своја гордост, земја во чиј идентитет се вградени и идентитеи на сите нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други кои живеат во нашата Македонија.

Тоа го истакна премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција по вчерашното изгласување на измените на Уставот за спроведување на Договорот од Преспа.

Тој се заблагодари на секој пратеник за, како што рече, оваа голема и одговорна одлука. Знам, наведе, колку беше тешко да се направи тоа, ја чувствувам и ја разбирам и горчината, но и гордоста на секој граѓанин од огромното мнозинство за одлуката да се прифати овој исчекор за доброто и иднинатата на нашата земја и на нашиот народ. Одговарајќи на новинарски прашања рече дека сериозно ќе размислат за барањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.

0 Коментари

Остави коментари