Заев: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!

Премиерот Зоран Заев пред малку се огласи на фејсбук каде напиша:
 
- После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех:
Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор! Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто! Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана. - напиша Заев на фејсбук.