Заев: Се чека согласност за вакцините на „Фајзер“ да стигнат од Србија
Foto

Заев: Се чека согласност за вакцините на „Фајзер“ да стигнат од Србија

Премиерот Зоран Заев соопшти дека  контактирал со српската премиерка Ана Брнабиќ и дека упатил и втора молба до „Фајзер“ за согласност да се извезат од Србија вакцините кои ни се дадени. Владата, рече Заев, ургирала преку Министерството за здравство и верува дека ќе биде одобрено. Вакцините што ни ги отстапува Србија би требало да стигнат најбрзо и пред другите од трите механизми и, според Заев, тие ќе бидат доволни за здравствените работници кои работат во ковид-центрите. Во средината или втората половина на февруари, рече премиерот, се очекуваат да стигнат и првите дози од вакцините за кои склучивме договор директно со производителот „Фајзер“.

0 Коментари

Остави коментари