Заев: Попис ќе има во април, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Заев ќе биде виновен за неуспехот на пописот
Foto

Заев: Попис ќе има во април, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Заев ќе биде виновен за неуспехот на пописот

Опозицијата да не го политизира пописот и да не ги инволвира граѓаните за нивни партиски поени порача и денеска премиерот Зоран Заев  поставувајќи прашање дали ВМРО ДПМНЕ  ќе ги платат казните на граѓаните кои  не сакаат да се попишат. Како најголема опозициска партија имаат своја пратеничка група во законодавниот дом каде треба да ги застапуваат своите ставови, вели Заев и само еден пратеник е доволно да поднесе предлог законско решение . Во пресрет на новата методологија за пописот премиерот вели очекува дека по консултациите со експертите и шефот на државата Пендаровски со потпишување на указ ќе го поддржи ова законско решение.

Од кабинетот на шефот на државата Пендаровски пак веќе посочија дека уште еднаш ќе направат консултација со експертите , додека пак опозициската ВМРО ДПМНЕ и денеска со став дека во време на Пандемија никој нема право да го загрозува здравјето на граѓаните и нивно индивидуално право е дали ќе се попишат или не особено во период кога се повеќе се лицитира со бројки за резултатите од оваа за нив политичка операција . 

 

Со порака но и поздрав за донесеното законско решение за Законот за Попис се огласи и амбасадорката на САД во земјава која за Глчасот на Америка ја поздрави поддршката на албанскиот опозициски блок. 

Опозицијата пак и натаму собира потписи со цел да го покажат како што велат незадоволството на гражаните од ова законско решение , за што пак и вчера испратија порака до претседателот Пендаровски без консултации да не го попишува указот за ова законско решение.

0 Коментари

Остави коментари