Заев очекува преговори со ЕУ во декември, најави можна нова декларација за зацврстување на релациите меѓу Софија и Скопје
Foto

Заев очекува преговори со ЕУ во декември, најави можна нова декларација за зацврстување на релациите меѓу Софија и Скопје

Премиерот Зоран Заев денеска најави можна нова декларација или изјава со која ќе се зацврсти договорот за добрососедство со Бугарија, во насока на деблокада на почетокот на преговрите со Унијата.

Заев ова го изјави после конгресот на СДСМ, каде претходно најави преговори со Унијата на почетокот на декември. Смета дека силното лоби на социјалистите во рамки на унијата ќе ги надмине пречките што стојат на патот.

Македонија се соочува со можна блокада од Софија која се досега стоеше на ставот дека мора да има решение за неколку, за нив спорни точки, пред да даде зелено светло за преговорите.

0 Коментари

Остави коментари