Заев нуди широка Влада, ВМРО-ДПМНЕ прифаќа, ама да ја предводи надпартиска личност
Foto

Заев нуди широка Влада, ВМРО-ДПМНЕ прифаќа, ама да ја предводи надпартиска личност

Влада за национален спас . Заев фрла ракавица на опозициската ВМРО ДПМНЕ за соработка и голема влада , откако во интервју за Слободен печат посочи дека народот е  поделен но и вели мора и од другата страна да има соработка .  Како дополнителни причини за овој предлог ги наведува и департизацијата на администрацијата но и исчистување од клинентелизмот во правосудството. Вели за оваа идеја очекува поддршка и од сите органи и тела на партијата но и од коалициските партнери во власта.

Од опозициската ВМРО ДПМННЕ пак во изјавата на премиерот гледаат несигурност во парламентарното мнозинство, но и велат дека се спремни да ја разгледаат таа опција доколку таа влада ја води натпартиски човек.

Сепак  коалицискиот партнер на СДСМ - ДУИ   велат  дека опозицијата треба да биде коректив на власта и секоја една демократска земја мора и треба да има опозиција 

- Опозицијата ги дава своите забелешки, дури и ако не се на место, бидејќи тоа е улогата на опозицијата, не само кај нас, туку и во сите напредни земји  велат од ДУИ. 

Дел од познавачите на актуелните политички случувања во земјата пак и во неодамнешното гостување на Студио 10 на ТВ 24 посочија дека престои период во кој опозициската ВМРО ДПМНЕ сериозно ќе треба да направи внатрепартиски анализи можеби и промени за да имаат јасно исцртани визионерски контури.

Превирањата на релација власт опозиција беа се поактуелни изминатиов период откако опозициската ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека имаат мнозинство во парламентот но сепак на гласањето доверба на актуелната влада изгласаана беше од  мнозинството на пратеници . ВМРО ДПМНЕ и претходно бареаше техничка влада заедно со сите политички чинители во земјата како и албанскиот опозициски блок .

0 Коментари

Остави коментари