Заев: Нема злоупотреба на средства од Светска Банка за изградба на модуларните болници
Foto

Заев: Нема злоупотреба на средства од Светска Банка за изградба на модуларните болници

Лекари, медицински персонал, роднини на жртвите даваа исказ пред обвинителите кои ја водат истрагата за трагедијата во тетовската болница.

Дополнително се сослушани и вработени во надлежните институции кои ја спроевеле јавната набавка и поставувањето на болницата како и лица од министерството за труд и социјала преку кои одел проектот. Обвинителкството полека ја комплетира истрагата исказите треба да помогнат во расветлување на случајот

„Обвинителството издаде и голем број насоки и наредби за вештачења и прибирање на документација. Меѓу нив и Наредба за градежно вештачење до Технолошкиот факултет во Скопје. Издадена и е Наредба за натамошно обезбедување на местото на пожарот, за да се овозможи повторно вршење на увид доколку има потреба во натамошнот тек на постапката. Во обвинителството во тек е и прибирање на извештаите и документацијата.“ - ОЈО.

Федерална криминалистичка полиција на Германија за ТВ 24 потврди дека македонската влада побарала помош од нивните форензичари чии заклучоци се чекаат за да се утврдат причините за пожарот.

„Федералната канцеларија за криминалистичка полиција беше побарана од македонската Влада за поддршка во врска со пожарот во Тетово. Не можаме да споделиме дополнителни информации.“ - Федерална криминалистичка полиција на Германија.

Извештаите од германските експерти се очекува да пристигнат за околу десетина дена. Премиерот Зоран Заев вели - не се злоупотребени средствата од Светска банка при изградба на модуларните болници.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како виновници за жртвите и пропустите во модуларната болница ги посочуваат СДСМ и ДУИ.

Две недели по трагедијата во Тетово сеуште се чекаат одговори и одговорност. Пет лица заработија осумдневен притвор поради протестите кои беа организирани од граѓани и роднини кои бараа одговори и правда за 14 те жртви кои изгореа живи во модуларната болница на 8 Септември.

0 Коментари

Остави коментари