Заев: Не верувам дека ќе се остварат заканите кон моите деца, но преземени се мерки на претпазливост
Foto

Заев: Не верувам дека ќе се остварат заканите кон моите деца, но преземени се мерки на претпазливост

Не верувам дека ќе се остварат заканите кон моите деца, но преземени се мерки на претпазливост, изјави премиерот Заев откако во саботата беа пуштени аудио снимки, на кој наводно се слуша глас за кој се претпоставува дека е бизнисменот Орце Камчев.

Должен сум прво како родител, а потоа и како претседател на владата да ги преземам сите мерки на претпазливост. Потенцираше дека тој, но и будното око на јавноста е сериозно насочено во случајот рекет и се очекува негова судска разрешница.

0 Коментари

Остави коментари