Заев не се слушнал со Катица, а Мицкоски не одговара дали имал средба со еден од осомничените во „Рекет“
Foto

Заев не се слушнал со Катица, а Мицкоски не одговара дали имал средба со еден од осомничените во „Рекет“

ремиерот Зоран Заев вчера на прес-конференција ги охрабри судиите да одлучуваат строго по закон и Устав бидејќи, како што рече, не должат никому ништо. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски побара притвор за Катица Јанева, а пратеникот Костадин Костадинов пак побара одговор од Мицковски дали имал средба со еден од осомничените во предметот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски (Зоки Кичеец) кои добија по 30 дневен притвор.

Според Заев, многу случаи во минатото биле заташкувани, биле изменаџирани од извршната власт, од моќниците во државата за никој да не биде исправен пред можната одговорност преку правосудниот систем. Покажуваме, вели Заев, дека никој не е заштитен и дека секој ќе одговара ако се огрешил и кон секој ќе бидат отворени истраги ако постојат индиции за тоа. Премиерот потенцира дека доколку се докаже дека некој близок до власта или носител на функција се огрешил пред законот, таа блискост или поддршка може да заврши во истиот момент.

 

Заев пред новинарите изјави дека тој не се слушнал телефонски со обвинителката Катица Јанева, пред да и биде конфисуван мобилниот телефон.

„Рекет“ се совпадна со ненадејната оставка на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која како што изјави обвинителката Вилма Рускоска не е предмет на истрага, но сепак нејзиниот мобилен телефон бил конфискуван за да се утврди евентуалната комуникација меѓу неа и Бојан Јовановски.

Мицкоски пак побара притвор за шефицата на СЈО Јанева, бидејќи, како што рече, исполнети се сите услови.

 

-Компромитираното СЈО е завршена работа, а првиот чекор треба да биде притвор за Катица Јанева и за сите други вмешани во овој криминален октопод. Исполнети се сите услови. Можност за повторување на делото, затоа што Јанева и денес е прв човек на корумпирано СЈО, постои можност за бегство и за влијание врз сведоци. Сето останато е само слабо и бледо алиби, смета Мицкоски.

Портпаролот на СДСМ Костадинов повикан од ВМРО-ДПМНЕ одговори на обвинувањата за поврзаност со еден од притворените во случајот „Рекет“, потенцирајќи дека не е ништо непознато опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ да шири лажни вести.

 

Обвинителката Ленче Ристовска во име на тимот на Специјалното јавно обвинителство порача дека зачувување на интегритетот на СЈО е примарниот интерес на обвинителите и истражителите во Обвинителството. Дејствијата на поединци, според неа, не ги отсликуваат сите во обвинителството и не смее да ги доведат во прашање постапките што се водени досега.

 

На Фејсбук се огласи белгискиот експерт Питер Ванхојте, кој беше ангажиран во процесот на преговори за Договорот од Пржино. Порача обвинителите да се остават да ја вршат својата работа за случајот „Рекет“. Тој напиша дека што и да се случило во Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, важно е да се запрат сите шпекулации и да им се дозволи на обвинителите да ја вршат својата работа.

 

Ванхојте повикува дека доколку се утврди дека имало злоупотреба на моќта, луѓето што биле вмешани во тоа, треба да се осудат, но најпрвин да се запрат шпекулациите.

0 Коментари

Остави коментари