Заев на дебата со судиите: Да ги спроведеме реформите за функционална правна држава
Foto

Заев на дебата со судиите: Да ги спроведеме реформите за функционална правна држава

Претседателот на Владата на Република Македонија, вчера се обрати на работната средба во организација на Академијата на судии и јавни обвинители и Центарот за истражување и анализи, со претставници на апелациските судови и Врховниот суд на Република Македонија, што се реализира и со поддршка од Британската амбасада, што се одвива во Струмица. Тема на средбата е хармонизирање на судската практика.

Премиерот Заев во Обраќањето порача дека клучната обврска на судиите и на сите во државата е: „Да обезбедиме конечно функционална правна држава!”

Тој порача: „Правото и правдата мора да бидат достапни на секој граѓанин и да важат, неселективно, подеднакво, за сите!”

Во продолжение е интегралниот текст од Обраќањето на премиерот Заев: „Правдата често пати на луѓето им е потешка од неправдата, оценил еден мислител.

Голема е одговорноста да се биде носител на правдата и да се биде праведен.  Потребни се добри закони, потребно е почитување на законите од судската, извршната, законодавната власт, од институциите, од секој професионалец и секој граѓанин поединечно. Потребна е и свест и совест дека само општеството поставено на правда и правичност носи мир и е добро место за живеење на граѓаните.

Затоа, како извршна власт, со вас судиите, обвинителите, стручната јавност, се обидуваме да ги усогласиме законите според европското законодавство и препораките што се бараат во поглавјето за правосудство во преговарачкиот процес што очекуваме да почне со ЕУ.

0 Коментари

Остави коментари