Заев на бизнисмените им вети дека во 2019 година нема да има предвремени избори

Стопанствениците не најдоа крупн забелешки на буџетот за следната година, но побараа од премиерот Заев да има поголема храброст за економијата. Тој и неговите министри да направат радикални промени во образовниот систем. Поради недостигот на квалификуван кадар, и со толку невработени, Македонија многу брзо ќе увезува работници. 
Заев, пак, на заедничкото кафе пиење најави дека предвремени парламентарни избори следната година нема да има, зашто Владата сака 2019 да и даде поголема шанса на економијата. Тој ќе се повлече од надворешната политика и ќе се посвети на подобрување на условите за економски раст.

„Иако имаме претелски избори, тоа е примамливо дека со исти трошок треба да се направат предвремени парламентарни избори, а сите знаеме како тоа психолошки и практично влијае на бизнисот и економијата. Парламентарните ибори ја умртвуваат економијата меѓу 4-6 месеци.“ - изјави Зоран Заев, премиер.

Бизнисот смета дека предлог-буџетот за 2019 година е развоен и добро конципиран, но Владата се уште има неисполнети ветувања од лани. Побараа и државата побрзо да го даде на продажба земјоделското земјиште, зашто сега седи необработено.

„Пуштете го да стане приватно, да се најдем одел да се продаде, ќе направи бум во економијата.“ - изјави Јован Дабевски, стопанственик.

„Ми  поткажаа дека во програмата на владата ќе биде ставена по една капитална инвестиција во 2018 за секој град и тоа ќе биде Велес за изградба на мост и тоа не се случи.“ - изјави Румен Смилевски, стопанственик од Велес.

И политичарите и стопанствениците очекуваат економскиот раст на Македонија на почетокот на следната година да стигне до 4 проценти од БДП.