Заев: Македонскиот народ да се подготви, Захариева може да ги блокира преговорите за ЕУ
Foto

Заев: Македонскиот народ да се подготви, Захариева може да ги блокира преговорите за ЕУ

Ниту се европски, ниту добрососедски предлозите од Бугарија. Ако нашиот сосед не го смени ставот, тогаш мораме да бидеме подготвени дека нема да се одржи ниту првата меѓувладина конференција Скопје - Брисел, закажана за декември. Ова е оценка на премиерот Заев по билатералните средби на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи во Бугарија. 

За Заев средбата со бугарскиот премиер Борисов поминала добро, додека средбата со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева не баш најдобро. Македонскиот премиер Заев е оптимист и дека Комисијата за историски прашања што треба да се сретне деновиве ќе најде компромис и за Гоце Делчев.

Со сличен став и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Тој од Прилеп, порача дека никој нема право да се меша во правото на самоопределување, а без елементарна почит нема ни пријателство.

Реакциите од македонска страна доаѓаат по острите изјави на Захариева, според која државата треба да ја признае историската реалност, поврзана со процесот на создавање на новиот национален идентитет. 

Премиерот  Борисов пак очекува компромис меѓу Скопје и Софија до 10-ти ноември, кога треба да се одржи Берлински процес на кој копретседавачи се Македонија и Бугарија. 

И денешното празнување на 11. Октомври не помина без коментар од бугарска страна. За бугарскиот европратеник Ковачев, славењето е провокација од Заев. Став на Германија е дека меѓувладината конференција не треба да се одлага, прашањата меѓу Скопје и Софија се билатареални и така треба да се решаваат, а конференцијата за Македонија и Албанија треба да се одржи во декември.

0 Коментари

Остави коментари