Заев: Извештајот за истрагата се очекува за 10 до 15 дена, по што ќе го соопштам ставот
Foto

Заев: Извештајот за истрагата се очекува за 10 до 15 дена, по што ќе го соопштам ставот

Членовите на семејства на жртвите во тетовската модуларна болница денеска даваат исказ во тетовското јавно обвинителство.

Нема детали, дали меѓу нив има и дел од придружбата на болните кои според сведочењата, во текот на ниовото лекување им помагале поради недостаток на пероснал во тетовската модуларна болница.

Од тетовското обвинителство за тв 24 само кусо порача дека денешниот ден е резервиран за сослушување на семејствата. Без детали и од скопското обвинителство. И по 12 дена од трагедијата, обвинителите не откриваат до каде е истрагата чиј епилог го чека цела држава.

- Во тек е прибирање на вербални и материјални докази, во натамошно расчистување на причините за пожарот. Не може да се прецизира датумот кога ќе пристигнат извештаите од германските експерти. - велат од ОЈО.

И додека од обвинителството молчат, премиерот Зоран Заев за околу две недели ги очекува извештаите од германските форензичари кои во еден ден ги завршија истражувањата во изгорената модуларна болница во Тетово.

За опозицијата пак како што велат, пропустите во иградбата на модуларните болници се главната причина за пожарот во кој животот го загубија 14 лица, а 12  беа повредени. Обвинуваат дека власта знаела за неквалитетните материјали. 

Од министерството за здрвство до емитувањето на прилогот нема одговор околу овие обвинувања. Паралелно токму околу изгардбата на болниците и тендерот, трае и чешлањето на документацијата во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Обвинителката Вилма Русковска засега нема повикано сведоци на испрашување за тендерите за изградба на модуларнбата болница во Тетово, а се уште нема одлука дали има основ за постапка.

0 Коментари

Остави коментари