Заев и Палмер: Северна Македонија и САД го делат оптимизмот дека евро-атлантските процеси успешно ќе се заокружат

Премиерот Зоран Заев денеска ги прими во посета заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер и амбасадорката, Кејт Мери Брнз.

На средбата е потврдено дека Северна Македонија и САД успешно го одржуваат и зајакнуваат воспоставеното стратешко партнерство во интерес на граѓаните на двете земји, како и во остварувањето на заедничките цели за демократски просперитет на регионот и во заедничките акции во борбата против тероризмот и екстремното насилство.

Премиерот Заев во разговорот со Палмер изрази благодарност за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во американскиот Сенат, што е од особен придонес во заокружувањето на овој процес за полноправно членство на нашата земја во НАТО.

На средбата заеднички беше констатирано дека е непоколеблива определбата на земјата за евро-атлантските процеси и дека Северна Македонија и САД го делат оптимизмот дека ќе бидат успешно заокружени.