Заев: Граѓаните на Битола ќе бидат горди на својот градоначалник, одиме напред

СДСМ изборната кампања ја почна вечерва од Битола под мотото „Најдоброто од мојата општина“. Граѓаните на битола идните 4 години ќе бидат горди на својот градоначалник, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Битола Христо Кондовски рече дека ќе биде транспарентен и отворен за сите граѓани и дека Битола ќе биде уште подобро место за живеење.