Заев до Димитров: Впечатокот е дека личното нездоволство од што нема да биде во владата е причина за неточните изјави

Бура од реакции предизвикаа обвинувањата на вицепремиерот во заминување Никола Димитров. Заедничката порака што на негово конто стигна и од премиерот чиј најблизок соработник во времето на Преспанскиот договор Зоран Заев, но и од идниот премиер е дека заднината на обвинувањата на Димитров е неговото незадоволство, откако остана надвор од Илинденска број 2. 

Од кабинетот на премиерот во заминување наведуваат дека земјава има јасни позиции во разговорите со Бугарија кои биле изградени со целосно владино единство и испратени како одговор на македонското МНР до бугарското МНР. Македонскиот идентитет и македонскиот јазик, според Заев,воопшто не се тема на разговор со Бугарија.

„Ако Никола Димитров е против што било во врска со македонските позиции во преговорите со Бугарија, чесно е да каже зошто, бидејќи во спротивно останува само впечатокот дека тоа што нема да е дел од идната влада е причина за неговите изјави.“ - велат од кабинетот на Заев.

Со слична позиција и мандатарот Кковачевски. За него настапот на Димитров произлегува од неговото незадоволство затоа што не е дел од новата Влада. Имаме јасни државни позиции во однос на разговорите со Бугарија, имаме усвоена Резолуција во Собранието, поддржана од сите партии. Димитров лично бил дел од градењето на истите тие позиции, вели Ковачевскишефор на дипломатијата пак иак беше директно прзован од Димитров, во неговата реакција не го споменѕва директно, но му пораува дека неговите позиции му штетат на процесот и преговорите особено  пред посетат на петков  и заедничката влада на Бугарија и Македонија на 25 јануари.

- Од успехот на овие посети ќе зависи и насоката и силината на новиот моментум во односите меѓу двете земји, и оттука сите активности кои го загрозуваат овој успех ги сметам за непродуктивни и нефер. -  изјави Бујар Османи.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак со сличен став, му кажаа на Димитров дека доцни. 

- Јас сум навистина загрижен, ние подолг временски период сугерираме дека се води капитулантска политика во однос на Бугарија. Мислам дека ставот на Македонија е јасен и е усогласен во Собранието и изгласан од сите пратеници со заедничката декларација која што ВМРО-ДПМНЕ ја предложи, а сите пратеници вклучувајќи ги и пратениците од СДСМ и ДУИ ја гласаа“. - изјави Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ.

Никола Димитров во првата влада на Заев беше минситер за надворени, во втората, според информациите на негово барање направи тарнсфер во евроинтегграции.