ЗАЕВ: АНАЛИЗИТЕ ПОКАЖАА ДЕКА ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК НЕ ГИ ДАДЕ ОЧЕКУВАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Foto

ЗАЕВ: АНАЛИЗИТЕ ПОКАЖАА ДЕКА ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК НЕ ГИ ДАДЕ ОЧЕКУВАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ

Креаторите на прогресивниот данок жестоко наспроти одлуката за замрзнување на оваа економска политика. Министерката за финансии Ангеловска одлучна во своите намери со поддршка на премиерот Заев, враќање на  рамниот данок замрзнувајќи го прогресивното оданочување. Ваквата одлука за поранешниот советник на Тевдоски, Браномир  Јовановиќ е несериозна и контра левичарските убедувања на сегашната Влада дека се грижи за сиромашните наспроти богатите.

Фактите наспроти анализите на министерката Ангеловска се дека само во првите 9 месеци приходите преку прогресивниот данок го надминале предвиденот од 25 милиони евра, односно изнесуваат 27 милиони евра што за Јовановиќ е фактор кој покажува дека прогресивното одданочување ги дало своите очекувања.

Заев уверуваше дека прогресивниот данок е во полза на социјалната првда. Сега е на ставот дека со  прогресивниот данок се ризикувало и дека истиот не ги дал посакуваните ефекти. Бизнис заедницата заеднички го поздрави замрзнувањето на даночната реформа.  ОД Сојузот на Стопанск комори на Македонија велат дека е очекувано решение, бидејќи не ги дава резултатите. Од таму велат дека добро е што Владата ги слуша барањата на деловната заедница.

Јовановиќ на ставот дека Заев и Ангеловска само ги задоволуваат апетитите на индивидуалци во нивното капиталистичко опкружување но не и на граѓаните кои гласаа и ги донесоа на власт.

Со прогресивниот данок богатите требаше да плаќаат повеќе за да се намали социјалната нееднаквост кај народот, со враќање на рамниот данок ќе има одданочување од 10 проценти за сите приходи. За екс министерот тевдовски, кој беше еден од креаторите на реформата со бришењето на прогресивниот данок, се брише и придавката социјалдемократски од името на СДСМ.

0 Коментари

Остави коментари