Заеднички експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања, денеска и утре на нова средба во Атина
Foto

Заеднички експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања, денеска и утре на нова средба во Атина

Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања од Северна Македонија и Грција, ја почна третата по ред дводневна средба за учебниците.
Предвидено е разговорите да бидат во текот на денешниот и утрешниот ден. Последниот состанок се одржа во Скопје на 22 и 23 март, а во заедничкото соопштение Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Грција најавија дека на следната средба „се очекува работата од вториот состанок да биде надградена и унапредена, а со цел да се формулираат препораките за идно одобрување од страна на советот за соработка на високо ниво“.
На минатиот состанок, од министерствата соопштија дека во колегијална и конструктивна атмосфера, двете делегации „особено внимание посветија на прашањето за наставните програми и учебниците што се во употреба и договорија нивно усогласување, согласно духот и словото на Преспанскиот договор“.

0 Коментари

Остави коментари