Заедничка вежба на македонски и бугарски полициски специјалци
Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков го пречека македонскиот колега Оливер Спасовски, кој заедно со делегација на МВР е во посета на Бугарија.
Спасовски и Рашков на средбата разговарале и за отворањето на новиот граничен премин во Берово - Клепало, а за неколку дена ќе се одржат заеднички средби на комисиите кои работат на овој проект.