Заедничка изјава на Вучиќ и Макрон со која Србија дава подршка на францускиот план за зачленување во ЕУ по претходно длабоко рефомираната ЕУ
Foto

Заедничка изјава на Вучиќ и Макрон со која Србија дава подршка на францускиот план за зачленување во ЕУ по претходно длабоко рефомираната ЕУ

Претседателите на Србија и на Франција, Александар Вучиќ и Емануел Макрон, усвоија заедничка изјава за време на посетата на Макрон на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Во изјавата, „се истакнува дека пристапот на Србија кон претходно длабоко реформираната ЕУ претставува заедничка стратешка цел“ и се потврдува заедничката заложба за демократските вредности и човековите права, владеењето на правото и мултилатерализмот.

Изјавата, која беше објавена попладнето од страна на Кабинетот на претседателот на Србија, Макрон и Вучиќ се согласија да продолжат со спроведувањето на „Договорот за стратешко партнерство и соработка“ од 2011 година, да го продолжат политичкиот дијалог на високо ниво и да ја зајакнат билатералната соработка.

Во Заедничката изјава, во која дописникот на МИА од Белград имаше увид, има 5 поглавја за продолжување на дијалогот на високо ниво, јакнење на соработката во областа на безбедноста и одбраната, промоција на културната размена и Франкофонијата, поддршката на интеграцијата на Србија во ЕУ и јакнење на економските односи, меѓу останатото се наведува дека „двајцата државници истакнаа дека пристапот на Србија во длабоко реформираната Европска унија (ЕУ) претставува заедничка стратешка цел“. Покрај неопходните економски реформи во кои Србија покажува значителен напредок, двајцата државници ја истакнаа потребата од поголеми напори во областите на владеењето на правото, основните права, јакнењето на демократските институции и реформата на јавната администрација. Тие се согласија дека билатералните несогласувања треба да се решат и преку билатерални преговори, во согласност со меѓународното право и со добра намера. Тие изразија желба брзо да се стекнат услови за обновување на дијалогот помеѓу Белград и Приштина, со цел постигнување взаемно прифатливо решение со посредство на ЕУ.

Во Заедничката изјава меѓу останатото се наведува дека „Србија и Франција ќе го зајакнат нивното заедничко учество во надворешните операции и мисии на Европската унија и Обединетите нации….и ќе го зајакнат својот политичко-стратешки дијалог, одбранбените врски, особено во областа на обуката, како и нивната соработка во областа на вооружувањето, вклучувајќи го и партнерството во одбранбените индустрии.“

Франција ќе продолжи да ја поддржува Србија на нејзиниот пат кон пристапувањето во Европската унија.

Франција е подготвена да и обезбеди на Србија техничка експертиза во областа на реформата на јавната администрација, економското управување, животната средина, земјоделството и транспортот, како и во која било друга област за која Србија би изразила интерес. Оваа поддршка веќе се спроведува преку институционална соработка и престојот на францускиот експерт во областа на економските реформи во српското Министерство за европски интеграции, се наведува меѓу останатото во сопштението од Заедничката изјава на Вучиќ и Макрон, објавена два дена по заминувањето на францускиот претседател од Белград.

0 Коментари

Остави коментари