Задолжителна вакцинација
Здравствените власти се категорични – децата во градинките и училиштата треба да се примаат само вакцинирани. Министерот за здравство останува на барањето вакцината да биде услов за упис во градинките и училиштата. Заедно со преставници од Министерството за образование и наука и труд и социјала веќе бараат начин како да се усогласат законите и правилниците кои сега се контрадикторни.
„Апсолутно категорично и енергично ќе стоиме на ставот дека децата во градинките и училиштата треба да се примаат само вакцинирани, заради тоа што никој нема право да го загрозува здравјето на останатите деца, никој нема право да влијае на сите тие фактори кои што влијаат на јавното здравје, заради тоа што децата се нашата иднина, а ние скаме здрави деца“. - изјави министерот Филипче.
Наспроти категоричниот став на здравствените власти, во министерството за образвование и наука и труд и социјална политика засега се воздржани. Од таму не добивме одговор дали ќе го прифатат предлогот на здравствените власти вакцината да стане услов за упис во образовните институции.
„Мулитисекторската работна група само што е формирана и истата е под водство на Министерството за здравство. Во овој момент не би можеле да изнесуваме било какви информации или ставови во врска со работењето на групата. За сите официјални ставови и заклучоци ќе бидете известени дополнително.“ - велат од Министерство за труд и социјална политика.
Граѓаните со поделени мислења на оваа тема. Министерот Филипче и претходно имаше обид за усогласување за законите, но откако наиде на бурни реакции во јавноста, се повлече. Тогаш МОН соопшти дека ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем, бидејќи тоа е со Устав гарантирано. Додека власта ги усоголасува законите, антивакциналните кампањи земаат замав. Во последниве години расте бројот на родители кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца. Здравствените работници на терен регистрирале 15 000 невакцинирани деца на возраст до 14 години и тоа само на територија на Скопје.