Задолжителен негативен ПЦР тест за патување во Грција
Foto

Задолжителен негативен ПЦР тест за патување во Грција

Негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето ќе биде задолжителен за патниците од сите земји кои пристигнуваат во Грција.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека одлуката е „во рамките на напорите за контрола на пандемијата на Ковид-19“, ќе стапи во сила во недела наутро, а исклучок има за патниците кои во земјите престојувале помалку од 48 часа.

Соопштението првично се однесуваше на патниците од Велика Британија и Данска кои пристигнуваат во Грција, а кусо подоцна беше променето со вклучени сите земји.

Мерката, како што пренесува МИА важи за сите патници од сите земји, без разлика дали се вакцинирани или не и без разлика на кој начин пристигнуваат во Грција.

0 Коментари

Остави коментари