Зачинета Евровизија

Евросонг и годинава го зачинивме со пикантерии и не не бидува ако скандалот не ни е сврзан  со националните симболи особено знамето. Ако се сеќавате на ланскиот претставник по грешка му влета во спотот знамето на соседна Бугарија, оваа година Андреа за момент помисли дека држи обично ливче во рака, па како авионче од хартија за време на школски час или одмор го пуштаме до најблискиот другар.