Забранет пестицид откриен во македонски пипер во Хрватска

Високо ниво на забранет пестицид метомил, кој е токсичен за луѓето е пронајден во македонски зеленчук извезен во Хрватска. Загрепските медиуми објавија дека се работи за свежи црвени пиперки за ајвар.

Европскиот орган за безбедност на храната информира дека здравствениот ризик бил сериозен.

хрватски медиум Даница.хр

- Анализите покажале дека во македонските пиперки за ајвар имало 0,049 милиграми на килограм метомил. Инспекторите наредиле повлекување, но не се наведува каде се продавале сомнителните пиперки. Проблемот е што примероците од пиперки биле анализирани на 23 септември, а известувањето пристигнало на почетокот од месецов. Така што голем дел од зеленчукот веројатно веќе е изеден.

Универзитетската професорска по ентомонлогија Станислава Лазаревска за ТВ 24, вели дека се работи за отровен пестицид, кој предизвика и брзо уништување на организмите кај човекот. Метомилот според неа најверојатно останал во залиха кај македонските земјоделци оти истиот е забранет од 2019 година

Телефонска Станислава Лазаревска професорска по ентомонлогија на Земјоделски факуктет при УКИМ

- Ако сакаме здрава храна потребна е едукација кај македонските земјоделци, но и почитување на законот кој строго ја контролира продажбата и употребата на пестицидите. 

 

И во 2023 година во Хрватска беше откриен забранет пестицид во свеж македонски зеленчук кој се продавал во малопродажните синџири за исхрана.