Забави во Охрид без почитување на мерките за заштита од ковид 19
Foto

Забави во Охрид без почитување на мерките за заштита од ковид 19

Целодневни масовно посетени забави на плажите без маска и дистанца, сообраќајни незгоди, тепачки, купишта отпад.

Вака помина празничниот викенд во Охрид. Гостите насекаде а осбоено на плажите воопшто не ги почитуваа мерките за заштита од вирусот ковид 19, а според видеата кои кружат низ социјалните мрежи се гледа дека се забавуваат опуштено во прилично зовриена атмосфера како и да не се наоѓаме во сред пандемија.

Пазарните инспектори велат најлошо било на Градиште, а испишани се и кривични пријави. изрекле и 5 прекршочни казни за нерегистрирани трговски објекти кои изнајмувале лежалки и реквизити, и уште  12 прекршочни по разни основи.

„На подрачјето на Охрид имаме 2 кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик конкретно за журки во Градиште, на плажите два и три. Проблемот е голем онаму каде пазарните инспектори немаат надлежност за постапување. Туристите тоа го знаат и затоа, наместо на плажите кои што се во склоп на хотелите, и каде што има протоколи, одат онаму каде што никој не им наметнува правила.  На само 20 метри далечина од хотелските плажи, на таканраечените ,,диви” плажи, или плажи каде што нема стопан, надлежност да казнува нема никој. Таму нема игла каде да се фрли. Кога се чекаат редици за туристите да се качат на бродот за крстарење нема никаква дистанца и турканиците се големи.“ - инфомрираат од пазарниот инспекторат.

Од Центарот за јавно здравје Охрид велат се што се слууваше викендов е темпирана бомба а претстојниот период и ќе се видат страшните последици од несовесноста на граѓаните. 

Но, освен здравствените мерки,голем дел од  гостите изминатиот викенд направиле бројни нарушување и на јавниот ред и мир. Во полицискиот билтен се регистрирани тепачки, сообраќајни незгоди, употреба на недозволиви супстанци, и други  прекршувања  кои резултирале со приведување или болничко лекување.

До доцните часови туристите, а посебно младите се забавувале и на атрактивни локации околу езерото, а сметот од пијалоците и храната го фрлале во вода или на градскиот кеј, пристаништето во парковите. Од Охридски комуналец велат едвај и во три смени постигнуваат целосно да го исчистат туристичкиот центар. 

Охриѓани поготово жителите на стар град се жалат и на бучавата која ја прават гостите до раните утрински часови и велат ова дефинитивно е најлошата туристичка сезона досега.

0 Коментари

Остави коментари