За убиството се бара Љ.П. познат во јавноста

По соопштението на Основото јавно обвинителство дека 14годишната Вања била пронајдена мртва, а кое не откри многу за нејзиното убиство, туку напротив, уште повеќе ја збуни јавноста, и додека од МВР молчат, во јавноста и медиумите веќе се лиферуваат информации за директно инволвирани лица во убиството на Вања.

 За убиството на Вања и на велешанецот Панче Жежовски (74) се товарат петмина, од кои тројца се во притвор, едно е во бегство во странство, а едно е во полициска станица.

Дел од едиумите веќе објавија дека еден од осомничените за убиството на Вања, е Љ.П., познат скопјанец, кому наводно, член на семејството на Вања му должел пари. 

Исто така, се пишува и дека 74 годишното лице кој беше убиен и чие тело беше пронајдено во Велес, исто така му должел пари на Љ.П. Во моментов, според медиумите и нивните неофицијални извори, осомничениот Љ.П. е во бегство и е во Турција.

Некои медиуми јавуваат дека во полиција е повикан и таткото на убиеното девојче.