За ТАВ Македонија прифатливи се мерките на македонската Влада за субвенционирање на нови авио-дестинации

За нас моделот за субвенционирање на летови на нови компании на нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром е сосема прифатливо. На оваа тема бевме на разговори со министерот за транспорт и врски пред да биде објавен моделот за субвенционирање и видовме дека кај државата има голем интерес да се зголеми бројот на патници во авио-сообраќајот. Нашата проценка е дека овие субвенции ќе имаат голем ефект на зголемувањето на бројот на нови дестинации, оперирање на нови авиокомпании од скопскиот и охридскиот аеродром и зголемување на бројот на туристи во Македонија, изјави Неџат Курт, директор на ТАВ Македонија.