За сите што ја почитуваат вистината!

На социјалните мрежи, вчера, се појави текст на нашата новинарка Енџи Николовска од 09.11. со илустрација која не кореспондира со илустрацијата на веб порталот на ТВ 24.

Поради ова, нашата новинарка беше цел на несоодветни напади и навреди на социјалните мрежи. Очекуваме извинување од креаторите на вакви лажни објави, независно од кои групи произлегуваат и за кого работат.

Тенденциозноста на објавата со илустрација со сосема поинаква фотографија од официјалната на сајтот на ТВ 24, претпоставуваме има за цел да се соберат кликови на социјалните мрежи, или кај одредени групи на интерес. 

Ако не се повлече ваквата лажна објавa, принудени сме случајот да го пријавиме во МВР.

Во продолжение, оригиналната објава на сајтот на ТВ 24: https://24.mk/details/bliska-sorabotnichka-na-ministerot-za-zemjodelstvo-tripunovski-e-edna-od-osomnichenite-za-kriminal