За што ќе се трошат половина милијарда евра заем од Унгарија - експертите бараат разумно трошење во инвестиции што ќе го зголемуваат БДП

Долгонајавуваната милијарда на премиерот Христијан Мицкоски се стопи на пола милијарда.Тоа што неофицијално во јавноста кружеше како информација, дека финансиската инјекција ќе стаса од Унгарија, вчера ја потврди премиерот Христијан Мицкоски кој изјави дека од оваа членка на Европската унија добил 500 милиони евра.

Парите се договорени во вид на кредит, а сумата треба да се врати за 15 години. Мицкоски и Орбан договориле дека во првите три години земјава нема обврска да враќа ништо. Каматната стапка според владата изнесува 3,25 %.

„Унгарската влада ќе и позајми на македонската влада сума од 500 милиони евра. Во иднина кога ќе има потреба од такво нешто ќе можеме повторно да се обратиме до нашиот специјален економски партнер, а тоа е унгарската влада.“ - рече Мицкоски.

Економистите кои деновиве ги контактираше ТВ 24 изразија загриженост по основ на продлабочувањето на јавниот долг на земјава, со образложение дека праксата покажала дека најчесто позајмените пари државава ги троши за непродуктибни цели. Професорот Зоран Ивановски вели дека нема сомнение дека инвестициите се основа за секој економски раст, а добиените финансии по еден ваков според него алтернативен пат - односно договор помеѓу две влади има неколку предности не само во однос на условите за враќање туку и за начинот на користење.

Но, професорот додава дека останува обврската за отчетно и трансперентно трошење на парите, бидејќи секогаш има сомнежи дали средствата правилно се искористуваат.

„Се наоѓаме некаде би рекол во „портокалова фаза“ со метеоролошкиот речник во делот на задолженоста, и прашањето за фискалната одржливост на нашата земја. Според тоа приоритетот е продуктивно искористување на финансиските средства во проекти кои носат поголема нова додадена вредност и ќе обезбедат самите средства за нивно сервисирање.“ - вели Зоран Ивановски универзитетски професор.

Денеска никој од владините функционери надлежни за економските политики не беше достапен да одговори на дилемата, која е причината што намесњто милијарда со официјална Будимпешта е договорено половина од сумата, иако се најавува речиси двојно помала каматна стапка на заемот во однос на ефврообврзниците кои би се издале во моментов кои достигнуваат речиси шесет проценти.

Тоа што е сигурнио е дека до крајот на годинава нова еврообврзница ќе биде издадена и ќе тежи токму половина милијарда евра а со неа ќе се финансира долг кој треба да се врати во јануари идната година.

„Да треба да има уште 500 милиони евра задолжување од странство. Тоа се уште не е реализирано, тоа си е во рамки на буџетот.“ - вели Гордана Димитриеска-Кочовска.

Од Државниот завод за ревизија посочија дека во следните три години можно е да се создаде неизвесност во ефикасноста на плаќањето на долговите на државата.Од 2025та до 2028та година доспеваат за плаќање издадените еврообврзници, и тоа догодина треба земјава да врати 500 милиони евра, 2026та, 7000 милиони евра, 27ма, повторно половина милијарда евра, и во 2028мата година 700 милиони евра.

Заклучно крајот на ланската година јавниот долг на Мклаедонија изнесува 62 отсто од Бруто домашниот производ.